Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТВРДЕН ДАТУМОТ: Му дојде ред и на Груевски за в затвор

УТВРДЕН ДАТУМОТ: Му дојде ред и на Груевски за в затвор

Поранешниот премиер, Никола Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот Шутка, каде треба да ја отслужи 2 годишната казна за набавката на лускузниот „мерцедес“.

Груевски доби упатен акт да се јави во затворот во Шуто Оризари.

Упатниот акт му е доставен утрово во Кривичниот суд. 

Груевски е осуден на двегодишната затворска казна во случајот  „Тенк“.

Случајот „Тенк“ на СЈО, е за незаконито влијание при набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“ од скоро  600.000 евра, пари на МВР.

Поранешната министерка за внатрешни работи,  Гордана Јанкулоска доби казна од 6 години затвор во „Тенк“. Јанкулоска е прогласена за виновна  за злоупотреба на службена должност и овластување. 

Истрагата за „Тенк“ е отворена во јануари 2017 година. 

Слично

Поврзани вести