Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРОВО СЕ ТРЕСЕШЕ И СКОПЈЕ - еве колку степени и каде бил епицентарот на земјотресот

УТРОВО СЕ ТРЕСЕШЕ И СКОПЈЕ - еве колку степени и каде бил епицентарот на земјотресот

По серијата земјотреси кои утринава ја тресат Битола, утрово бил почувствуван нов земјотрес во Скопје.

Земјотресот е регистриран во 9 часот и 10 минути со јачина од 2,5 степени по Рихтер на околу 10 километри од центарот на главниот град, во Илинден.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на земјава, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска 12.01.2022 година  регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Епицентрите се наоѓаат 120 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци на опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 04 часот и 01 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML3.7 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.

Слично

Поврзани вести