Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утрово најстудено беше во Крушево

Утрово најстудено беше во Крушево

Утрово најстудено беше во Крушево каде температурата била еден степен под нулата. 

Во Скопје се измерени три степени, а најтопло е во Гевгелија и Дојран со осум степени.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране 21 литар на метар квадратен, во Тетово 15, Дебар 13, Охрид 11, Крушево 9, Скопје 6, а најмалку во Штип еден литар, соопшти УХМР.

Обилни дождови денеска се очекуваат во западните делови на Македонија. 

Времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Тие на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). 

Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе опадне. 

Слично

Поврзани вести