Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утрово мраз ладно: Времето се менува од четврток

Утрово мраз ладно: Времето се менува од четврток

Денеска времето ќе биде сончево студено со мала локална облачност поизразена во северните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури се исклучително ниски, низ целата држава под нулата.

Слично време се очекува и во среда.

Минималната температура во среда во Скопје ќе е движи од -12 до -1 степен, а максималната ќе се движи од -2 до 8 степени. 

Во четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер што ќе влијае да започне побрзо топење на снегот.

Во четврток минималата температура ќе биде од -7 до 0, а максималната од 2 до 9 степени.

Слично

Поврзани вести