Утрово мотоциклист загина во Ново Лисиче
Утринава еден мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреа, во скопската населба Ново Лисиче. За несреќата со фатали последици известуваат граѓаните кои се нашле на самото место, а веќе се појавија и слики од загинувањето на мотоциклистот на Фејсбук страницата за сообраќајни несреќи и прекршоци.

Полицијата и надлежните органи вршат увид по што ќе се знаат повеќе детали за причините поради кои се настаната оваа тешка сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“.
Од МВР потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа, но повеќе информации ќе соопштат по завршување на полицискиот увид.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Слично
