Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утрово измерени -21 степен во Македонија

Утрово измерени -21 степен во Македонија

Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени -21 степен. 

Студено беше и во  Маврово со -17, Лазарополе -16, Крушево, Крива Паланка и Струмица – 14, -12 било  во Куманово, -11 Скопје Петровец, Тетово, Дебар, Пожаране, -10 Виница и Штип, -9 Охрид, Ѓуриште, -8 Прилеп, Демир Капија, Тополчани и Скопје, -7 Битола, Претор, -6 Гевгелија, -4 степени во  Дојран.

Дебела снежна покривка има на повеќе места во земјава. 

Таа во Маврово изнесува 71 сантиметар, 48 во Лазарополе и Пожаране, 46 во Ѓуриште, 30 во Крушево..

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од -2 до 5 степени.  Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се искачи до два степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста поради што од понеделник утринските температури ќе се покачат.

Слично

Поврзани вести