Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утрото на третиот ден на гробот дојдоа жените миросници: Втор ден Велигден

Утрото на третиот ден на гробот дојдоа жените миросници: Втор ден Велигден

Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение. Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква, а празнувањето продолжува со воскресенски литургии.

Страдалната седмица заврши со новиот ден денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.. Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Вториот ден Велигден, е државен празник и неработен ден за сите граѓани во земјава.


Слично

Поврзани вести