Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СЕ СПУШТААТ ПОД НУЛАТА - еве какво време не очекува оваа работна недела

УТРИНСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СЕ СПУШТААТ ПОД НУЛАТА - еве какво време не очекува оваа работна недела

Новата работна седмица во периодот од 11 до 15 Ноември во Македонијапод влијание на многу постудена воздушна маса од север и од североисток носи многу постудено време со потпросечни температури за ноември, а сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од северен и од севроисточен правец.

- Во текот на новата работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има и повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. На планините повремено ќе има врнежи од снег, со што има услови да се формира  и првата бела покривка на овие места, иако истата би била релативно мала - најавува метеопрогнозерот Славчо Поповски. 

Тој посочува дека и во Скопскиот регион во текот на новата работна недела ќе биде значително постудено, а во делови од регионот ќе има услови и за повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

- Што се однесува до  температурите, тие во почетокот на седмицата во утринските часови ќе се спуштаат под нулата, а особено во Беровскиот регион тие се очекува да се спуштат до околу - 8 степени, а потоа и тоа поради облачноста ќе бидат повисоки. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека најстудено преку ден ќе биде во среда, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 12 степени.

Гледано подолгорочно, уште постуден бран би можело да не зафати некаде во втората половина на овој месец, и истиот да ги донесе првите снегулки за оваа сезона и во градовите. Сепак, како што кажав ова е долгорочна анализа, и во истата промени се можни, па затоа граѓаните да ги следат нашите секојдневни пократкорочни анализи, кои се многу попрецизни и се со можност за остварување од над 90 проценти - нагласува Поповски. 

Слично

Поврзани вести