Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Утрински весник“ ќе дели откази на новинари или ќе стави клуч на врата?

„Утрински весник“ ќе дели откази на новинари или ќе стави клуч на врата?

Ултиматуми се делат во изданијата на МПМ? Или 10 новинари ќе останат без работа или весникот ќе се затвори...

Ова се дел од неофицијалните информации кои проструија во дел од медиумите.

Информацијата која засега ниту се потврдува ниту пак се демантира од менаџментот и вели дека новинари, односно раководството во „Утрински весник“ добило понуда да одлучи дали да се поделат откази на вработени или весникот да се затвори.

24 вести пишува дека уредништвото има 24 часа да го каже својот став за овој ултиматум, додека како причина до ова довела тешката финансиска состојба.

Во помали тиражи деновиве се печатат и трите весници под закрила на МПМ „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“  а како причина е наведено немањето на хартија за печатење и намалување на трошоците.

Слично

Поврзани вести