Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ СПЕКТАТОР: На пат сме да станеме Северна Македонија-главни во медиумите од регионот

УТРИНСКИ СПЕКТАТОР: На пат сме да станеме Северна Македонија-главни во медиумите од регионот

Многумина Македонци ова утро се разбудија со горчина во душите а други горди што тргнавме по патот да станеме дел од Алијансата и евроинтеграциите плаќајќи ја цената со смена на името во Република Северна Македонија.

И додека ние се расонуваме честитките се нижат во низа од европски и светски лидери, функциониери, медиуми. Се честита исчекорот на Македонија. 

Главна тема во речиси сите медиуми од регионот е токму Македонија....

...

А Македонија е се што имаме. Со овие зборови на поранешниот, прв претседател на независна Македонија Киро Глигоров, се означи почетокот на една тешка битка за осамостојување на младата нација. И не дека Глигоров беше светец, ама неговата визија, мудрост и посветеност успејаа на оваа земја да и ја донесат независноста, без војна, во време кога Балканот вриеше. Во тие моменти за многумина беше понижувачка одлуката Македонија со привремено име Фиром да влезе во Обединетите нации. Се кршеа полтичките копја, можеше ли подобро. Зошто попуштивме на Грците? Како минуваше времето свесноста за одличниот политички маневар на стариот лисец стануваше поголема, земјата ги загарантира своите граници, меѓународно признаена како суверена, независна држава. Сонот на Македонците! Никој не бидна Фиромец, иако имаше многу премрежија во таа дипломатска војна со Грција која траеше речиси три децени.Сега, 27 години подоцна, оваа генерација Македонци на свои плеќи носи тешко бреме. Дека е платена голема цена за една донесена тешка одлука ...целиот текст.

Спектатор: Добро утро, северни западњаци, Македонци... читајте го овде.

Слично

Поврзани вести