Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Зошто посегна по мито заменик министерот Муса

УТРИНСКИ ФОКУС: Зошто посегна по мито заменик министерот Муса

Вести во фокусот на Фактор ова утро...

*Корупција го тресе здравствениот систем. Заменикот министер е снимен како прима мито од наводни пациенти.

Новинари го наместија а снимката ја виде целата јавност. А колкаво е богатството што го поседува Асим Муса...детали погледнете тука.

*

Што мислат врвните новинарски имиња за нашите шанси за Европа

Голема неизвесност и драматичност и натаму владее околу датумот за преговори кој земјава со нетрпение го очекуваше, но работите целосно се искомплицираа, откако еден од клучните европски партнери, Франција, реши и натаму да ја држи затворена вратата за земјава и за Албанија.

*

Ќе платиме 200 милиони евра, а уште го немаме природниот гас

185 милиони евра ќе чини гасификацијата на Македонија според вкупните средства наменети за дејноста што се обезбедени до сега, покажува годишниот извештај на Национални енергетски ресурси, компанијата која е задолжена со средства од Владата и странските кредитори да го изгради националниот гасовод и истиот да го поврзе интерконекторски со Грција.

*

Акцијата на „Гранит“ – бајадерата на македонските маркет мејкери

Акцијата на најголемата македонска градежна компанија е евергрин мелодија за македонскиот пазар за хартии од вредност. Ако се обидеме да направиме асоцијација со препознатлив бренд оваа акција за нашите трејдери и маркет мејкери е истото што и хрватската „бајадера“ на нашиот кондиторски пазар, „жолтата тиквешка лозова ракија“ на пазарот на жестоки домашни пијалоци, „вегетата“ на пазарот за зачини или „стоби флипсот“ на пазарот на грицки.

*

Работниците бараат повисок минималец, сегашниот е колку да не седат дома џабе

Граѓаните велат дека сегашниот минималец кој е нешто повисок од 200 евра е премал за покривање на животните трошоци, со оглед на фактот дека цените растат, и затоа бараат што поскоро да порасне минималната плата. 

Слично

Поврзани вести