Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Знамето на НАТО ќе се вее пред Влада, морбилите во замав

УТРИНСКИ ФОКУС: Знамето на НАТО ќе се вее пред Влада, морбилите во замав

На свечена церемонија денеска пред Владата ќе биде објавено новото уставно име и ќе биде подигнато знамето на НАТО, кое ќе се најде веднаш до државното пред седиштето, а на настанот ќе говори премиерот Зоран Заев. За оваа намена вчера имаше и специјална проба.

Владата денеска ќе го крене знамето на НАТО и ќе го објави новото име

Потрошувачите плаќаат за нафтените резерви, а државата се ценка за надоместокот кон компаниите кои ги чуваат

Нафтените компании кои ги чуваат државните резерви на нафта и државата преговараат за цената која како надомест треба да им се исплаќа на годишно ниво за услугата. Во Министерството за финансии формирана е работна група која работи на подзаконските акти со кои треба да се одреди надоместокот за Окта, Макпетрол и Лукоил, но оттаму одлучија да молчат и не одговараат на прашањата до каде е процедурата, за што се преговара и кога може да  се очекува новата уредба.

Морбилите земаат замав

Епидемијата со морбили нема да пројде туку така, предупредуваат епидемиолозите.

Три жртви од мали сипаници за неколку дена и неколкумина нови заразени. Каде лежи вината? Дали кај родителите?

Лекарите постојано апелираат на вакцинирање на децата но очигледно дека сипаниците го осипаа јавното здравство.

Подетално на оваа тема читајте тука.

Слично

Поврзани вести