УТРИНСКИ ФОКУС: Живот на кредит, Кој ја купува Охридска банка?
Македонците имаат живот на кредит.
Ова го докажуваат последните податоци достапни на веб страницата на македонската централна банка кои велат дека Македонците на банките должат 2,76 милијарди евра
Доминантната позиција во структурата ја завземаат потрошувачките кредити чија вредност на крајот на 2018 година изнесува 1,36 милијарди евра што е половина од целиот долг на населението спрема банките. Ова е јасен показател дека голем дел од нашето население живее на кредит.
* За што Македонец најчесто подига кредит?* Сосиете женерал си оди, Штаермаркише Шпаркасе ја купува Охридска банка
Штаермаркише Шпаркасе АГ ја купува Охридска банка Сосиете женерал груп. Аквизицијата ќе биде обелоденета денеска на настан кој веќе е закажан. Според информации на Фактор дел од највисокото раководство на банката од австриски Грац ќе соопшти кои се плановите по превземањето и со каква стартегија ќе настапуваат на пазарот.
Претпладнево или пред настанот од Охридска банка соопштија дека Сосиете женерал и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац постигнале договор со кој францускат абанка ќе ги бродаде 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка колку што во моментов поседува. Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите .
Има најави за зголемување на минималната плата, која сега изнесува 12.000 денари, иако засега не се знае, колкаво ќе биде покачувањето.
Вакви најави имаше од премиерот, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Се прават анализи вели Заев и се внимава да не им се наштети на компаниите.
Против ново покачување на минималецот е текстилниот сектор.
* Дали повисока минимална плата ќе ги загрози работните места на текстилците и чевларите?Грчката влада ги повика претприемачите и трговците да учествуваат во преговорите со колегите од Северна Македонија.
Земјата сака да се спаси од „конфузијата“ од употребата на придавката „македонски“ за производи од двете земји, пишуваат грчките медиуми.
