УТРИНСКИ ФОКУС: Завршува изборната кампања, од каде сега нови „бомби“, како се прави профит за 30 отсто
Во фокус ова утро е изборната кампања која завршува на полноќ. Утре почнува изборниот молк.
Денеска се одржуваат последните митинзи на кандидатите за претседател .
Во Фактор денеска може да ги прочитате интервјуата на кандидатите од редовите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Интервју Силјановска: Еден режим се претвори во друг, Заевизмот ме мотивира да се борам - За сите овие дилеми и полемики директно разговараме со Силјановска за нејзините заложби за евроинтеграции, владеење на правото, поддршка за реформи и независното извршување на функцијата претседател на републиката.
Интервју Пендаровски: Никогаш нема да амнестирам политичари како Иванов со масовната аболиција - Со Пендаровски разговаравме и за негативните ефекти од грешките на актуелната власт, колку тие му одземаа гласови кај неопределените и разочараните и дали тој навистина ќе биде претседател на сите граѓани, односно како ќе се справи со политичките позиции на партиите кои му ја дадоа поддршката меѓу кои СДСМ, ДУИ, Алтернатива и други. * Кој е црепот што прави профит 30 отсто од приходите? Исплата на дивиденди за 2017 и за 2016 година во вкупна вредност од 5,4 милиони евра, добивка за 2018 година која е 30 отсто од приходите од продажба. Ова е дел од крвната слика на успешната австриска аквизиција “Тондах“, по ново „Виенербергер“, а поранешен винички „Пролетер“ најдобрата македонска ќерамида. *Нови бомби се појавија пред изборите во недела. Не се знае кој и од каде ги добил за да ги објави во јавноста.
