Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Заев веќе не е толку оптимист-компаниите стравуваат од избори

УТРИНСКИ ФОКУС: Заев веќе не е толку оптимист-компаниите стравуваат од избори

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

*

ФИРМИТЕ ПРЕПЛАШЕНИ ОД ИЗБОРИТЕ - никој нема да работи цела година

Стопанствениите имаат сериозни причини зошто стравуваат од новите предвремени парламентарни избори. Велат дека за тоа се свежи сеќавањата од претходните изборни циклуси, кои сигурно ќе се повторат во следните месеци. Таман економијата малку пркна, има опасност позитивните трендови повторно да застанат.

*

Заев забавува со оптимизмот: Носам нова лузна за недобиенот датум

Разочаран и без оптимизам, премиерот Зоран Заев тврди дека имало ветувања за добивање датум за преговори и дека тие ветувања биле постојани и прецизни. ЕУ сакала да даде признание за реформите и за договорите со Бугарија и Со ГРција но тоа сега не е исполнето. Во интервју за емисијата 360 степени Заев рече дека ова му зналчи нова лузна на неговото лице. 

*

„Прилепска пиварница“ има 76.000 евра од продажба просечно дневно

Во очекување на најважниот (трет) квартал за производителите на пива и сокови првата половина од годинава „Прилепска пиварница“ успеа да ја одржи својата пазарна позиција на домашниот пазар на исто ниво како и лани. 

*

Ѓорче Петров ќе биде осветлен за милион денари месечно

Ѓорче Петров ја започна постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување, преку негово финансирање, реконструкција, управување, одржување и развој, нешто што претставуваше децениски проблем за оваа скопска општина а сега треба да се реши по пат на овој модел.

*

Општина Куманово ќе се подновува со возила вредни 94 илјади евра

Општина Куманово планира да потроши 94.000 евра за да купи службени моторни возила. Огласот е објавен, а според карактеристиките, се бара компанија од која општината со која раководи Максим Димитриевски планира да купи автомобили. 

*

СЕ СНАОЃА КОЈ КАКО ЗНАЕ И УМЕЕ: Mногу села во ресенско со години немаат јавен превоз

Ова е лесно за помладите, но е потешкотија за постарите луѓе. Жителите на овие села велат дека за туристите јавниот превоз не е проблем, затоа што тие и онака доаѓаат со сопствени возила, но за постојаните жители е тешко.

Слично

Поврзани вести