УТРИНСКИ ФОКУС: ВМРО ДПМНЕ со двајца главни фаворити за претседател, НАТО ни ја отвори вратата
Во редовите на ВМРО-ДПМНЕ како главни фаворити за партиска кандидатура се издвојуваат професорката Гордана Силјановска Давкова и пратеникот Владимир Ѓорчев.
Опозицијата ќе мора да одлучи кој за нив би бил идеален како кандидат за претседател, кој може да освои поголем број на гласови, како во самата десница, така и меѓу неопределените гласачи, меѓу гласачите кои даваат доверба според заслуги, како и од гласовите на етничките заедници во Македонија, особено кој ќе биде поспособен и поприфатлив за електоратот на Албанците.
Кој знае да направи приход од 1,5 милиони евра со 5 вработени во Македонија?
Светски познатата и призната корпорација „Мајкрософт“ на македонскиот пазар во 2017 година продала свои продукти за 1,6 милиони евра со само 5 вработени лица
„Мајкрософт“ ДООЕЛ Скопје, македонската испостава на светскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ остварил приход од продажба во износ од 1,58 милиони евра во 2017 година, покажуваат официјалните податоци достапни во базата на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ). Во 2017 година „Мајкрософт“ во Македонија остварил добивка од 202.200 евра и тоа е за 85 отсто подобар резултат од добивката што ја остварила македонската испостава една година претходно кога профитот достигнал 110.000 евра. Читајте повеќе детали тука.
Македонија веќе „де факто“ е членка на НАТО Алијансата.
Tочно четвртина век, патот на Македонија кон НАТО продолжува. Во 1993 година, Парламентот донесе одлука дека земјата бара членство.
Неофицијално, патот кон НАТО започна две години порано - во 1991 година, кога универзитетскиот предавач Нано Ружин го основал НАТО-клубот. Сето тоа започнува со состанокот на евро-атлантисти во Анталија, каде што се среќава со Соломон Паси.
