УТРИНСКИ ФОКУС: Вељановски без имунитет?, Груевски се бара назад, кој купи акции во „Макошпед“
Кој си купи 16,6 отсто од „Макошпед“ за 413.000 евра?
Некој или некои нови инвеститори платија 413.000 евра за акции кои ги купија по цена што е 4 пати пониска од книговодствената вредност на таа хартија од вредност. Акцијата на „Макошпед“ денеска беше најтргуваната на Македонската берза.
Ќе остане ли екс спикирот Трајко Вељановски без пратеничкиот имунитет?
Ова ќе стане јасно можеби во текот на денов.
Основниот суд денеска ќе побара од Собранието да му се одземе пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, по синоќешниот распит во Јавното обвинителство.
Основниот суд Скопје 2 ќе се подновува со возило- деталите околу тендерот погледнете ги тука.
Барањето за екстрадиција на Груевски ќе се проширува и со „27 април“.
Ова доаѓа како последица на последната наредба на ОЈО за спроведување на уште пет лица за случајот 27 април.
Преку Министерството за правда, Обвинителката Вилма Рускоска ќе бара проширување на барањето за екстрадиција, за да може за ова тешко дело по член 313 од Кривичниот законик, Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тој да биде испорачан и суден“, вели Јовески, пренсоа дел од медиумите.
