Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Уапсени поранешни функционери - Цената на струјата со оваа цена

УТРИНСКИ ФОКУС: Уапсени поранешни функционери - Цената на струјата со оваа цена

*  Во раце на полицијата утрово паднаа поранешен министер, нотари и службеници

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес“, сооштија од МВР утринава поочувајќи дека повеќе детали ќе бидат кажани подоцна во текот на денот.

*  Јанакиески меѓу уапсените: Каде требаше да никнат и што го спречи проектот со Шпанските скали во Скопје

Утринските полициски апсења на поранешни функционери, нотари и службеници во транспорт се последица на проневера со хотелски парцели и со Шпанските скали кои требаше да се градат на скопскиот плоштад. Се работи за истрага за продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра.

Каков проект беа шпанските скали и што се случи со нив?

Во 2015 година Општина Центар даде согласност на плоштадот Македонија да никнат шпански скали за кои беше планирано да бидат потрошени 1.580.000 евра.

Тогаш општина Центар издаде дозвола за изградба на објекот, а советниците на Град Скопје ја одобрија изградбата со 24 гласа „за“ и 10 гласа „против“. Кога се смени локалната власт во февруари минатата година новиот градоначалник Саша Богдановиќ стави стоп на решението за градба.

*  Ова е новата цена на струјата

РКЕ продолжува да ги држи уздите како што треба и нема да дозволи промена на цената на електричната енергија. Таа за домаќинствата ќе остане иста

Цената на електричната енергија за домаќинставата нема да се менува, ќе остане иста како и досега. Тоа значи дека во скапа (висока) тарифа цената за киловат час ќе биде 5,54 денари, а во ниска (евтина) тарифа ќе остане 2,78 денари за киловат час. Кај броилата кои се на една тарифа и кај кои нема скапа и евтина струја цената ќе биде 4,45 денари за потрошен киловат час. 

*  Искуството носи придобивки и силен раст: Како „Горење“ опстана на врвот и по 70 години

Името на таа компанија несомнено го знае секој од нас. Повеќето дома имаме по еден или по неколку производи кои се брендирани токму со тоа име. А приказната на Горење започнала уште во далечната 1950 година и тоа во малото истоимено село во Словенија. Во почетокот, компанијата се занимавала со производство на земјоделски машини и со набавка на градежни материјали. Со ширење на асортиманот, фирмата се преселила во соседниот град Велење, а денеска Горење Групацијата е водечки европски производител на апарати за домаќинство.

*  И кравите „си заминуваат“ од Македонија

И покрај субвенциите по грло и за откупено млеко, бројот на крупниот добиток во Македонија радикално се намалува, според податоците од извештајот за 2018 на Агенцијата за храна и ветеринарство и е далеку пореален од оној на Државниот завод за статистика.

* КОЈ ТОА, ТАМУ „ПЕЕ“? - ОД ЕУФОРИЈА ДО ОМРАЗА

Во  еден  календарски  месец,  спортска Македонија, два пати се искачи на европскиот трон. После фантастичниот успех на ракометниот клуб  Вардар, кој  ја покори ракометна Европа, овој пат младиот Бесир Алили, стана европски шампион во борење, во кадетска  категорија.  Во длабоко етнички поделено општество, кое своевремено преживеа и воен конфликт, помеѓу двете доминантни етнички заедници, спортот донесе излив на емоции, неизмерна радост и гордост, исполнета со чувство на триумфализам. Прекрасната  атмосфера на плоштадот „ Македонија“, при пречекот на европските ракометни шампиони, беше расипана од националистичките и шовинистички „ пеења “ и скандирања на помалубројна група на „ навивачи“. 

Слично

Поврзани вести