УТРИНСКИ ФОКУС: Таблите со Република Северна Македонија на готовс, нема парламентарни избори
Таблите со новото име денеска ќе ги заменат постоечките со што Република Северна Македонија ќе им посакува добредојде и догледање на оние кои ќе влезат и излезат од државата. Точно три дена има Македонија да ги промени таблите на граничните премини согласно Преспанскиот договор.
НОВИ ГРАНИЧНИ ТАБЛИ, НОВИ БАНКНОТИ, НОВИ ПАСОШИ: Република Северна Македонија ги носи овие промениИзвесно е дека со претседателските нема да има и парламентарни избори.
Ова станува јасно од последната одлука на СДСМ . Партијата доцна синоќа одлучи да нема избори за нова Влада.
СДСМ одлучи дека нема да оди на избориМакедонците во земјата најчесто ги посетуваат езерата, планините, бањите.
Македонските граѓани се повеќе ја шетаат сопствената земја, и ова може да се забележи од податоците на Државниот завод за статистика за период од 2013 до 2017 година.
Во овој период, расте бројот на посети од домашни туристи и ноќевања.
302.114 домашни туристи имало во 2013 година, веќе следната година нивниот број бил 310.336, во 2015 година се евидентирани 330.537 домашни туристи, во 2016 година имало 346.359, а во 2017 година 368.247 домашни туристи. Бројот на ноќевања од домашни туристи од 1.275.800 во 2013 година скокнал на 1.480.460 во 2017 година.
Институтот за стандардизација стравува дека нема да има пари за членување во ISOИнститутот за стандардизација на Македонија во годишната програма за 2019 стравува дека нема да има пари за членување во меѓународните тела, како што е ISO, каде што се носат светските стандарди, и упати повик да бидат осигурени овие средства од државниот буџет бидејќи постои ризик да биде исфрлен од нив.
