Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Студено и снежно утро, Спасовски преживеа интерпелација ама доби критики

УТРИНСКИ ФОКУС: Студено и снежно утро, Спасовски преживеа интерпелација ама доби критики

*Снег, ветер и магла. Вака е утрово во Маврово, Тетово, на Шапка и во Гостивар.

Слаб снег има и на Стража и Плетвар но ив о крива Паланка.

Најавите на метеоролозите се остварија а ветрот кој беснееше цела ноќ достигнувал до 60 км/ч.

Денеска продолжува силен студен ветер кој ќе достигнува и до 90 км/ч.

Дожд ќе врне на пониските места додека во Пелагониско-полошкиот регион се очекуваат снежни врнежи. Температурите се во пад за 10 до 15 степени.

*Спасовски останува министер

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи ја „преживеа“ собраниската интерпелација и ќе продолжи да ја врши функцијата. 

 За досегашната работа на Оливер Спасовски правиме анализа со експертот за безбедност Љубомир Ѓурчески, поранешен висок функционер во МВР и екс началник на Бирото за јавна безбедност. Ѓурчески беше жесток критичар на Јанкуловска, активен за време на Шарената револуција барајќи реформи и промени во МВР.

*Кој градежник лани земал бруто плата од 1,12 милиони евра?

Фатмир Етеми, управител на градежната компанија „ЗФС КОМ“ ДООЕЛ лани остварил бруто приход од материјалните надоместоци и други права од договори за работа во износ од 1,12 милиони евра, ова се официјални податоци јавно достапни во годишниот извештај на „Комерцијална банка“ објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

*Вип успешна приказна: Од мал дуќан, охридски Тамаро стаса до 10 маркети и извоз за Австралија

Во дуќан од само 15 квадратни метри, но со идеја и визија – семејството Шутески пред 21 година почнало мал семеен бизнис. Трговската компанија Тамаро, сега е препознатлива во Охрид, ама не само таму - моментно поседува десет маркети, има 200 вработени и е фирма извозник. Дел од производите се пласираат на пазарот во Австралија, за што тимот е посебено горд.

Слично

Поврзани вести