УТРИНСКИ ФОКУС: Странците ја билдаат побарувачката на станови
Вести во фокусот на Фактор овој четврток ...
*
По решението на името: Странци навалиле да купуваат станови и згради во Македонија
Се зголемил интересот за купување земјиште, но и згради и станови во Скопје но и во некои други градови во земјава од странци или нашинци кои живеат надвор од земјата, велат во агенциите за недвижнини. Се тврди дека решението на проблемот со името дополнително ја набилдал побарувачката, а некои од потенцијалните инвестотори барале да купат земјиште за да градат најмногу хотели и згради, ама и старечки домови. Сепак, како што велат од агенциите, странците тврделе дека процедурите во земјава не се баш едноставни, па некои од нив се откажувале.
*
Анализа: Професионалните војници да завршат во агенции за обезбедување или да се пензионираат на 55 години?
Членството на Северна Македонија во НАТО покрена повеќе прашања за подобрување на стандардите на професионалниот кадар ангажиран во АРМ како и во одбранбените структури. Синдикатот на одбраната и безбедноста поднесе и предлог Закон за служба во АРМ со кој се бара подобро решение за иднината на војниците и персоналот откако ќе им заврши работниот век кој според сегашните прописи изнесува 45 години. Може да се забележат и одредени професионални војници кои се во работен однос, а во слободното време да работат како обезбедувачи најчесто ангажирани во ноќните локали. За првиот синдикалец на одбраната Ристо Ајтов тоа и не е големо изненадување.
*(ВИДЕО+ФОТО) Кобниот момент на несреќата снимен преку хотелска камера во Будимпешта
При судир на два туристички бродови во реката Дунав во Будимпешта најмалку седум лица го загубиле животот а дваесетина туристи од Јужна Кореја се водат за исчезнати.
*
Во насока на зголемување на задоволството од поседувањето на American Express Green кредитна картичка, за сите постојни и нови иматели на кредитната картичка, Силк Роуд Банка подготви нови супер бенефиции.
Деталите читајте ги тука.