УТРИНСКИ ФОКУС: Снежни забрани, виси мнозинството на Заев, нови протести
Снегот ги кочи движењата по патиштата а се вози по влажни коловози со кашест снег.
Скоро насекаде врне снег а забрана за движење на тешки товарни возила има на неколку патни правци.
Тешки товарни возила не смеат да движат на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, како на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.
„Македонијапат“ за период од најмногу 100 дена ќе ангажира повеќе од 80 приватни машини за чистење на државните патишта и за тоа од буџет ние ќе платиме до 1,56 милиони евра. Но, колку нови камиони за чистење снег може да се купат со тие пари наместо да се изнајмуваат, читајте тука.
Двете барања кои ги поставува опонентот на СДСМ се да нема македонско државјанство кај албанците и да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.
ВМРО ДПМНЕ и денес ќе м се придружи на протестите организирани од неколку граѓански здруженија. Според најавите, протестот ќе се одржува во 13 часот а Мицкоски ќе им се обрати на присутните пред Собрание.Во Собранието денес продолжува седницата за уставни измени, обврска која потекнува од Преспанскиот договор со Грција . Македонија е пред последната препрека а како ќе заврши седницата ќе видиме .
