Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Следен ли е за разрешување судијата - десна рака на Вангеловски

УТРИНСКИ ФОКУС: Следен ли е за разрешување судијата - десна рака на Вангеловски

Вести во фоксуот на Фактор ова утро ...

*

Следен за разрешување врховниот судија кој беше десна рака на Вангеловски?

Судиката Рахилка Стојковска и уште еден друг судија ги снајде истата судбина па беа разрешени од Судскиот совет. Сите се менуваат поради нестручно и несовесно постапување. Катевеновски важи за десна рака на Вангеловски во Врховниот суд, а беше избран за судија на Врховен во 2009 година. Тој работи во оддел за казниви дела и оддел за судења во разумен рок.

*

Новата управа на „Скопски пазар“ наследи „богатство“ од кредити и обврски

„Скопски пазар“ првото полугодие годинава го заврши со финансиски расходи од 190.000 евра тоа се пари кои компанијата ги дала , во најголема мерка, за камати на своите обврски спрема кредиторите. Токму нивното намалување и сведување во разумни рамки ќе се наметне како приоритет за новата управа на компанијата составена од претставници на двата најголеми акционери „Современ дом“ од Прилеп и скопската градежна фирма ЗСФ КОМ.

*

„Рекет“ останува камен на сопнување за новиот закон за ЈО

Состанокот на кој требаше да се усогласи новиот Закон за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО заврши безуспешно.

Не успеаа да најдат решение за клучните разидувања околу СЈО и Законот за ЈО.

Лидерот на опозицијата го обвини премиерот Заев дека неговиот план бил да не се постигне договор.

*

Скопје не стана Зелена престолнина, а невладините очекуваат зимава да биде најзагаден град

„Гледајќи ги категориите кои Европската Комисија ги оценувала и споредувајќи ја состојбата на терен, видлива од сопствените прозори, можеме само да заклучиме дека Скопје уште долго нема да биде зелен, ниту како град, ниту престолнина. Скопје единствено и оваа зима ќе може да ја носи круната на најцрн, најзагаден град на светот“, наведуваат од О2 Иницијативата.


Слично

Поврзани вести