Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Скопје закотвено меѓу трите најзагадени градови во светот

УТРИНСКИ ФОКУС: Скопје закотвено меѓу трите најзагадени градови во светот

Вести во фокусот на Фактор ова утро...

Веста број еден оваа среда е поврзана со главниот град. Имено, Скопје се најде на листата трето место најзагадени градови заедно со Лахор од Пакистан и Делхи во Индија.

Метрополата ова утро се разнуди со 166 ПМ 10 честички просечна вредност.

*

„Пекабеско“ од продажба на сувомеснато прави 6,7 милиони евра месечно

Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и месни преработки за девет месеци годинава на домашниот пазар продал стоки вредни 50 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на оваа компанија. 

*

НЕМА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ОКТОМВРИ - Законот за субвенции доцни, газдите „кројат“ зголемувања за ноември

Ако некои од работниците во земјава очекуваа дека ќе им бидат зголемени платите за октомври, благодарение на новиот Закон за субвенционирање на придонесите, тоа сигурно нема да се случи.

Затоа, пак, газдите, врз основа на овој закон ќе можат да ги „кренат“ ноемвриските плати, кои ќе бидат исплатени на почетокот на декември.

*

Заев: Поради одложените преговори името на Северна Македонија ќе биде блокирано

Заев објаснува дека одредени членови од договорот, потпишани од Македонија и Грција на 17 јуни 2018 година, се тесно поврзани со напредокот на Северна Македонија кон членството во ЕУ.

Нема резервни асистенти за децата со попреченост: Инклузијата на тест на парите

Има недостиг на асистенти за децата со посебни потреби и попречености кои се школуваат во училиштата во Скопје. Родители и наставници од училиште во скопската општина Карпош велат дека по вклучувањето на овие деца во образовниот процес дел од нив по некое време немаат пратители асистенти со што им се отежнува инклузијата. 

Слично

Поврзани вести