Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Скандалот со пензиите трае, во Скопје не се дише, пратеници и пазари

УТРИНСКИ ФОКУС: Скандалот со пензиите трае, во Скопје не се дише, пратеници и пазари

Што и како се случувало за да дојде до големиот криминален скандал со пензиите во државата јавноста уште не знае.

А кој пак ќе понесе одговорност за пензискиот скандал? Засега е неизвесно но веројатно ќе дознаеме за одреден период.

Токму овој скандал денеска ќе ги седна на работна средна актуелната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска и директорите на приватните пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво и САВА Пензиско друштво и со директорите на Фондот на ПИОМ и на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). 

Според најавата средбата е најавена за 11 часот.

Имено, во последните десет години со  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување управуваат Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зенељи .

Тие се кадар на ДУИ а токму во нивно директорување се одвивал скандалот со кој 12 илјади осигуреници останаа без пари во приватните пензиски фондови.

Македонија и денес дише итровен воздух. Мерните станици покажуваат неколку пати над дозволените граници. Ова утро Скопје сепак не е на првото место најзагаден град, но вестите воопшто не се добри бидјеќи сега сме на седмата позиција . 

Пет кинески градови, Бангладеш и Индија, Косово и Пакистан.

Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, како и за прашања на изборите и именувањата. 

Единствена точка на седницата на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување на Законот за трговија на зелени пазари по скратена постапка во второ читање.

Слично

Поврзани вести