УТРИНСКИ ФОКУС: Си го барале ли ќотекот Миле и Спиро, Вељановски без имунитет, „Македонијатурист“ се буди од зимски сон?
Најпрво Спиро Ристоски започнал вербална расправа со еден од осомничените за нападот, а потоа дека и Јанакиески се расправал со другиот напаѓач. Екс министерот за транспорт побарал дополнителна медицинска помош, а по прегледот во градската болница „8 септември“ е вратен во притвор - велат службите на затворот .
Јавноста повторно е сведок на насилство во високата политика кое создава чувство на несигурност, на нови поделби и продлабочување на омразата базирана на партиска, но и на етничка основа. Ваков инцидент е лош почеток на претстојната изборна кампања во која реториката на спротиставеност и меѓусебни обвинувања само ќе се зголемува. Исто така последици ќе претрпат и институциите на власта, особено во правосудството каде довербата на граѓаните е се помала.
Какви последици ќе остави ќотекот за Јанакиески и Ристовски?Денеска ќе се расправа за барањето на судот за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, откако претседавачот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања закажа седница во 10.30 часот.
Големата мечка во хотелиерството почна да се буди„Македонијатурист“ ќе им ја врати надежта на акционерите. Нејзината оперативнва добивка, нето добивка и приходи од продажба лани се повисоки од преклани. Тоа е далеку од тоа што може овој хотелски гигант да го оствари со оглед на своите капацитети и реноме, но е добро затоа што личи на будење од зимскиот сон. Нејзините финансиски приходи лани се повеќе од пола милион евра и се за 24 отсто пониски од 2017 година, а компанијата во депозити и акции чува околу 18 милиони евра
ВИП УСПЕШНА ПРИКАЗНА: Ја формирале за да преживеат, а денес битолската компанија Кандико е на врвот
Ретки се оние кои можат да се пофалат со долг ортачки стаж, но дека има такви успешни компании доказ е битолски Кандико. Постои повеќе од 25 години, сега има и повеќе од 50 вработени. На стартот биле само двајца партнери и една желба околу потребата да направат нешто што ќе функционира и ќе обезбедува пари за преживување. Кандико е трговска фирма за прехранбени и колонијални производи, една од попознатите во битолскиот регион. Почетокот не бил лесен, но успехот е вреден оти е скалест и искрен.
