Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Резолуцијата на ЕП ги повикува земјите-членки на ЕУ да покажат одговорност кон Македонија

УТРИНСКИ ФОКУС: Резолуцијата на ЕП ги повикува земјите-членки на ЕУ да покажат одговорност кон Македонија

Вести во фокусот на Фактор ова утро...

Сите очи денеска се вперени во Европскиот парламет бидејќи Македонија ќе биде во фокусот.

Европарламентарците со 17 предложени амандмани ќе гласаат за резолуцијата со која се осудува недобивањето на датум за пристапни преговори на Македонија и Албанија.

Повеќе детали тука.

*

Интервју Куновска: Функционери блиски со врвот на СДСМ паразитираат на грбот на партијата

Во нејзнин стил,смирено ама со емоции, Софија Куновска во интервју за Фактор отворено зборува за случувањата во нејзината партија, која сега доста ја критикува. На социјалните мрежи, погласно, ама не и пречело тоа да го зборува и таму – сепак вели партијата веќе не е демократска. За лидерот Зоран Заев смета дека ја води партијата како да е акционерско друштво, а жали што граѓаните заслужуваа повеќе, а добија помалку.

*

НЕКОЈ ДВЕ ИЛЈАДИ, НЕКОЈ ПОМАЛКУ - колкумина ќе се израдуваат на повисока плата

Колку граѓани почнувајќи од први јануари па натаму ќе добијат повеќе пари на својата трансакциска сметка, благодарение на зголемената минимална плата, Владата нема направено прецизни анализи. Ова е малку и изненадувачки, бидејќи станува збор за една од мерките што се смета како еден од најзначајните адути со кои оваа власт настапува пред јавноста.

*

„Макошпед“ од дивиденди во „Европа“ и „Фершпед“ лапна 233.000 евра

Скопската шпедиција „Макошпед“ во првата половина од годинава парите ги направи од дивиденда од своите акции во „Европа“ и во „Фершпед“, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи за првото полугодие достапни на берзата.

*

Брзите кредити решение за непланирани потреби, не за враќање стари долгови

Сметки за струја, за вода, телефон, трошоци за школување, за храна – често месечните примања не стасуваат да се покријат сите потреби. А излегуваат и нови обврски, детски екскурзии, ненадејни поправки на некои домашни апарати, на домот. За дел од нив парите требаат итно – а многу малку од банките одобруваат ненаменски односно потрошувачки кредити во помала сума, за краток период. 

*

ПРОИЗВОДСТВО НА ТУТУН: Порано од него луѓето граделе куќи, а денес само преживуваат

Производителите на тутун велат дека во минатото оваа работа била доста исплатлива и во рок од две – три години успевале со напорна работа, да изградат куќа, или да купат автомобил и друга механизација, а денес можат само да преживеат. 

Слично

Поврзани вести