УТРИНСКИ ФОКУС: Притворот на Катица ги „искара“ Рускоска и судиите кои ја пуштија дома
Вести во фокусот на Фактор ова утро...
*
Најкоментираната вест ова утро е поврзана со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Јанева ја помина изминатава ноќ во домашен притвор со станот на нејзиниот син.
Инаку под истрага ќе бидат судиите кои и потпишале куќен притвор на Јанева .Тие се потпишани на решението за замена на притворот на Јанева во Шутка со домашен, но доцна синоќа Русковска тврдеше дека не го добила па не може да е сигурна кој го донел.
Имено, дел од медиумите пренесоа дека во моментов се одржува итен колегиум
на апелациониот суд по вчерашните критики од Рускоска за куќниот притвор за Јанева.
Адвокатите на Катица изјавата на Вилма ја окарактеризираа како недолична.
*
Кои се тројцата „манги“ од источна Македонија со приход од 200 милиони евраТрите рударски компании во Источна Македонија лани направиле приходи од речиси 200 милиони евра и профит од 63,4 милиони евра!!! Зошто источна Македонија е грев последна дупка по инфраструктура, животен стандард и економски раст, а прва по без перспективност и иселување?
*
НАТО, НИЕ И 5Г ТЕХНОЛОГИЈАТА - како Македонија ќе се справи со предизвикотЌе се наметнуваат ли нови безбедносни барања и услови за земјава, како наближува влезот во НАТО, кој треба да се случи во првиот квартал наредната година?
Дилемите ги отвори лично првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг а повеќе на темава читајте тука.*
Сашо Димитријоски „преживеа“ како директор на АЕКСашо Димитријоски ја „преживеа“ смената како директор на АЕК откако точката за негово разрешување доцна синоќа беше симната од дневниот ред на седницата на Комисијата.
