Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: ОЈО не дозволува излез од Шутка за Јанева

УТРИНСКИ ФОКУС: ОЈО не дозволува излез од Шутка за Јанева

Вести во фокусот на Фактор ова утро...

*

Неизвесно е дали в петок Катица Јанева која официјално не е специјална обвинителка ќе излезе од Шутка и ќе замине во домашен притвор.

Одбраната на Катица гарантира со имот за нејзиниот домашен притвор, но од ОЈО бараат притворот да биде продолжен со уште 30 дена.
*

Најбогатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ на својата последна прес-конференција рече дека е повторно заинтересиран за инвестирање во Македонија по неуспешниот обид во 2005 и 2006 во периодот кога дојде до промена на власта во земјата.

Сопственикот на Делта Холдинг за "Фактор" наведе дека групацијата стапила во контакт со Владата на премиерот Зоран Заев.

*
Над 1,6 милијарди евра – толку е состојбатана државните хартии од вредност заклучно со 10 септември годинава. Министерството за финансии впрочем за толку пари издало хартии од вредност со различна рочност- а за да ги покрие старите долгови, постојано продава и нови записи и обврзници. 
*

Милошоски: Веќе се знае кои луѓе ќе поминат во Академијата за судии и обвинители

Со новиот владин предлог-Закон за Академија за идни судии и јавни обвинители на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата, стои во писмото кое членови на ВМРО ДПМНЕ го испратија до евроамбасадорот Самуел Жбогар. 


Слично

Поврзани вести