Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Нови апсења ја тресат Македонија

УТРИНСКИ ФОКУС: Нови апсења ја тресат Македонија

Во утринскиот фокус на Фактор овој вторник е веста дека се приведени осум лица меѓу кои е екс градоначалникот на скопската општина Карпош Стевче Јакимовски а покрај него, приведени се и службеници од општината и бизнисмени.

*Скопското обвинителство во текот на денот ќе соопшти повеќе детали а се што знаеме ние за овие утрински апсења читајте тука.

*Колку пари му носи рекламата на „Тиквеш“...?

Најголемиот македонски производител на амбалажно вино и ракија, кавадаречки „Тиквеш“ лани направи приходи од продажба од 25,83 милиони евра и тие во однос на претходната година се поголеми за 2,2 милиони евра односно за 9 отсто, покажуваат официјалните податоци на најпозната македонска винарска визба за 2018 година достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.


*Српскиот новинар Драгољуб Дража Петровиќ за Фактор дава коментар на актуелната ситуација во соседна Србија за протестите и упадот во РТС. Повеќе детали околу таа тема ќе најдете овде.

*Царината објави загрижувачки сознанија за квалитетот на режаниот тутун кој се продава на пазарите. 

На пазарите се продава режан тутун со параметри кои се неколкукратно над дозволените и се штетни по здравјето на граѓаните кои ги конзумираат.

*Преговорите за СЈО во ќорсокак

Работните групи на политичките партии не постигнаа договор за реформата на јавното и на специјално обвинителство. Медијацијата која се водеше во Министерството за правда како надлежен орган за законските предлози не вроди со плод и партиите влегоа во нов ќор сокак за реформите на правосудството кои се клучни за подобрување на оценката на земјата пред јунската ревизија на условената препорака за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Слично

Поврзани вести