Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Носи ли Туск важна порака-кој бара една изборна единица

УТРИНСКИ ФОКУС: Носи ли Туск важна порака-кој бара една изборна единица

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

*

Во земјава денеска престојува важна фигура од Европската унија. Доналд Туск кој во декември ќе се збогува со функцијата претседател на Европскиот совет ќе има состаноци со премиерот Заев и со претсдателот Пендаровски.

*

Пратеници бараат Македонија да стане една изборна единица, а премиерот велеше и дека секој чесен политичар не се плаши од таков изборен модел.

*

Државата тоне во апатија - Ќе има ли „јунак“ да стави крај на политиканството?

За апатичноста, недовербата и безизлесноста од лавиринтот на тесните партиски интереси кои ја поклопија државата и општествената енергија правиме анализа со политикологот и историчар Благојче Атанасоски.

*

Голем глад за обврзницата на ТТК Банка

Малата банка покажа дека на нашиот пазар на капитал има кој да зајми пари на банките и дека државата не мора да биде единствен маркет – мејкер. Дали и други банки ќе го следат примерот на ТТК Банка и како оваа појава ако прерасне во тренд ќе влијае врз пазарот на капитал останува да видиме.

*

Државата ќе им плаќа на жртвите од кривични дела

Министерството за правда подготвува закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела. 

Становите во Скопје се на децата: Со каков имот ќе се гарантира за Катица Јанева?

Барање за укинување на притворот за Катица Јанева, најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вчера. Тврди дека е влошена нејзината здравствена состојба и дека како гаранција ќе биде понуден имот на довчерашната специјална обвинителка. Но што поседува во актуелниот анкетен лист, притворената Јанева?

Слично

Поврзани вести