УТРИНСКИ ФОКУС: Николовски убеден во победа на СДСМ на претстојните избори
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
* Трговијата со електрична енергија е бизнис во кој се вртат големи пари.Најголемите 10 фирми кои тргуваат со електрична енергија и се присутни во земјава лани оствариле кумулативен приход поголем од 430 милиони евра. Најголемите пет трговски компании присутни на нашиот пазар се странски а деталите читајте ги тука.
*
Николовски во интервју за Фактор вели дека со нова енергија, партијата е подготвена и на 12 април оди на голема победа, граѓаните ќе изберат напредок, ќе ја запечатат европската иднина на Република Северна Македонија, а рецидивите од груевизмот кои за жал сеуште се присутни во нашата земја ќе бидат поразени. Николовски со задоволство зборува за новиот систем на работа и делување на СДСМ, за новата енергија, новиот концепт на партијата и интензивните теренски активности.ЦЕЛОТО интервју со Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ читајте го на ФАКТОР.
*Во интервју за Фактор, новата директорка на Охридска банка АД Скопје, Нина Неданоска, вели дека новата интегрирана банка ќе нуди уште подобар сервис на компаниите и граѓаните, ќе воведе значајни нови знаења и искуства, но и автоматизација и дигитализација на производите и услугите.
*
По подолго време државата продава одземени станови и куќиАгенцијата за управување со одземен имот за прв пат по четири години со дозвола од Владата ќе понуди на продажба станови и куќи одземени правосилно.
Станува збор за станови во Кисела Вода со почетна цена од 46, односно 38,5 илјади евра, станови во Карпош од 100 илјади и 34 илјади евра, како и куќа во Центар од безмалку 200.000 евра
*
ИНЦЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Kој го пријави злоставувањето на децата во Битола?
Социјалните работници се посомневале и го пријавиле случајот со сексуалното злоставување на децата во Битола.
Ова деновиве ја потресе македонската јавност.
