УТРИНСКИ ФОКУС: Митинзи и повици за масовна излезеност на изборите-нова авионска несреќа
Ова неделно утро во главни настани се пораките кои претседателските кандидати ги испратија од митинзите.
Во главниот град синоќа митингуваше опозициската ВМРО ДПМНЕ додека денеска во Скопје ќе има митинг владеачката партија СДСМ и кандидатот на коалицијата Стево Пендаровски.
Професорката Силјановска Давкова која од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе се трка за шеф на државата на шесттите претседателски избори ги повика симпатизерите на масовна излезеност на претстојните избори.
„Неколку семејства ја управуваат Македонија. На тоа ќе ставиме крај на 21 април и на петти мај. Гаранцијата за исправност на изборите ќе биде ако гласате во голем број. Гласајте за оние кои носат промени, не заради мене, јас сум реализирана жена. Ама мислам дека ако се нафатив за овој предизвик, тоа е за Македонија. Ако немаме 40 отсто излезност, тогаш ќе го сменат Уставот, тоа за нив не е тешко. Тогаш ќе направат претседателот да се бира во Собранието. Тогаш претседателот ќе се бира со пазар“, кажа Силјановска.
Пендаровски од Стумица пак рече дека на овие избори ќе бидат вистински победници иако се под редниот број 3 на гласачкото ливче.
И тој повика на масовна излезеност .
„Ги замолувам граѓаните да не спијат на едно уво слушајќи ги коментарите дека со ваков противник и со ваква погубна политика, која е по лошо позната меѓу македонските граѓани, ќе поминат лесно, туку максимално масовно да се излезе на гласање и во првиот и во вториот круг за да не се разбудиме да ни се врати Груевски и да се вратиме во времето кога не знаевме ништо друго освен за политички прогон и изолација“, кажа Пендаровски.
*Нова авионска несреќа утринава го потресе светот. Има три жртви а каде се случила и сите детали читајте ги тука.
*„Го сакам Водно“: Претседателот со вонредна состојба и армијата може да ги спаси шумите
