УТРИНСКИ ФОКУС: Македонија го остварува сонот за НАТО, оградата кај Влада оди во историјата, државни вработувања
Македонија денеска го остварува деценискиот сон.
Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе биде ставен потпис на протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата а пред сите ополномоштени амбасадори на земјите-членки ќе се обрати шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Денеска е важен датум за НАТО-перспективата на Македонија*
Како да си купиш над 20.000 квадрати деловен простор во Тетово за пола милиони евра?
Фадил Алили пред неполн месец плати 478.200 евра за 26,7 отсто од акциите во тетовски „Интерпромет“ и сега сам може да одлучува за повеќе од 20.000 квадартни метри деловен простор во Тетово затоа што поседува над 61 отсто од акциите со право на глас. Алили не мора да даде понуда за превземање на другите слободни акции затоа што законот за превземање не важи за акции што ги продава државниот Фонд за ПИОМ. Заради ова законско решение 15 отсто акции кои останаа во рацете на 170 домашни физички лица сега остануваат „тоалетна хартија“
*
ВМРО ДПМНЕ за ограда околу владата „фрли“ 700 илјади евра-барокното-неокласично здание оди во минатотоВладата на Заев во изборната кампања вети дека ќе го ослободи барокното-неокласично здание и ќе го ослободи тој простор а последната владина одлука токму тоа го потврдува.
*Анализа: Македонија ќе плати висока цена од ново ад хок зголемување на минималната платаНово зголемување на минималната плата во Македонија како законска обврска, може да влијае на зголемување на невработеноста кај младите, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во псоебна анализа за минималната плата во земјава. Во анализата стои дека Македонија може да плати висока цена од понатамошно ад хок покачување на законски утврдена минимална плата, а тоа го поткрепува со посебна студија за влијанието на вакви мерки врз работната сила. ММФ сугерира на внимателност и во услови на голем процент на сива економија во деловниот амбиент, па тврди дека на ваков начин неформалноста може и да се поттикне дополнително.
*
Објавени се повеќе огласи за работа во јавниот сектор. А сите огласи може да ги ѕирнете тука.
