УТРИНСКИ ФОКУС: Лапсузи и мрчење на дуелот Заев и Мицкоски, исклучените од парно ги огреа сонце
Двајцата ривали Зоран Заев и Христијан Мицкоски ги вкрстија ракавиците и се соочија на ТВ дуелот на деценијата.
*Меѓусебни обвинувања и жестока реторика ги следеа низ целото телевизиско натегање а акцентот беше ставен на неколку жешки прашања. Во фокус се најдоа реформата на правосудството, прифаќање на Договорот од Преспа, непотизмот, водењето на изборната кампања и создавање услови за фер претседателски избори, евроатлантската иднина, а сосема малку посветија внимание на економските прашања.
*Исклучените граѓани од парно конечно ќе ги огрее сонце. Ова се заклучува по одлуката на регулаторната комисија дека повеќе нема да се плаќаат паушали.
По оваа одлука СДСМ се испофали...
* Шпедитерската компанија „Макошпед“ вложи 97.570 евра во акции на скопската кондитерска индустрија „Европа“, потврди „Макошпед“ објваувајќи ја оваа информација на Македонската берза за хартии од вредност.
*Вип, компанијата што е дел од Групацијата А1 Телеком Австрија, оваа година ќе се ребрендира, а нов предизвик се и активностите во врска со 5G-мрежата...Детали во Интервјуто со Мислав Галер, извршен директор на Вип*Најбогатото државно претпријатие на Македонија, АД ЕЛЕМ, за 2019-та планира 345 јавни набавки, а склучување на договори за помошна механизација и за главен ископ се најдоа на програмата и за оваа година. Повеќе на темата читајте овде.
*Неописливо е чувството кога знаете дека сте спасиле еден живот. Хумана приказна која ја препознаа многумина и заслужува само поклон до небо има Киро Стојов од Кочани а ние ви ја пренесуваме детално тука.
