УТРИНСКИ ФОКУС: „Комерцијална банка“ со профит од 10 милиони евра за 90 дена
Вести во фокусот на Фактор овој петок...
*
„Комерцијална банка“ има „ред бул“ квартал.Таа банка има фантастичен профит од 10 милиони евра за само 90 дена.
Ова станува јасно од официјалните резултати кои се објавени на Македонска берза а кои покажуваат дека профитот за првите девет месеци годинава изнесува 21,1 милиони евра.
Од таа сума, 10,1 милиони евра се добивка за последните дена односно за јули-септември. Сите детали прочитајте ги тука.
*
Странските инвестиции во лер, кројат ли надеж домашните политики. Иако надежта за полноправното членство сега се разводени, очекувањата за добра година ако инвестициите се критериум и претходно спласнаа, особено по објавата на бројките за вкупната вредност на странските директни инвестиции во земјата во првото полугодие.
*
НОВИТЕ ДАНОЦИ УШТЕ СЕ „ТАЈНА“ - Владата ќе ги каже штом го скрои БуџетотНа само два месеци пред крајот на годинава, даночната неизвесност и натаму продолжува. Ќе се даночат или не од стартот на 2020 година капиталните добивки од хартии од вредност и каматите на штедните влогови, со стапки од 15 проценти, министрите од владата се уште немаат конечен став.
*Интервју Бајрам Реџепи: Еден приватен оператор ќе ја снабдува цела земја со природен гас под иста тарифаЕден приватен оператор под иста цена за цела држава ќе го дистрибуира природниот гас во Македонија, најавува Бајрам Реџепи, директорот на Македонски енергетски ресурси, претпријатието кое интензивно го гради националниот гасовод во државата, но и истовремено се справува со пречките на патот како експропријацијата, дивоградбите и пробивањето. И покрај тоа, Реџепи вели дека годинава ќе биде рекордна со 100 километри изграден гасовод.
