Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку се опарил лани Чифлиганец, 8 Март-Како иницијативата на Клара Цеткин тргна наопаку?

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку се опарил лани Чифлиганец, 8 Март-Како иницијативата на Клара Цеткин тргна наопаку?

ЖЕНИТЕ СЕ БОРАТ ЗА РАМНOПРАВНОСТ: Има ли поделба на машки и женски професии?

Денот на жените почнал да се празнува во 1911 година во Австрија, Германија, Швајцарија и во Данска и тоа на 19 март, а од 1917 година се одбележува на осми март.

Првите поголеми демонстрации за правата на жените биле организирани во 1908 година во САД, од страна на социјалистките.

Иницијативата за ден, посветен на сите жени на втората меѓународна конференција на жените социјалисти во 1910 година во Копенхаген даде феминистката Клара Цеткин.

Обединетите нации го прогласија осми март за меѓународен ден на жените во 1975 година.

Жените тогаш на масовни собири претежно во западниот свет бараа право на работа, иста плата за иста работа, еднакви можности за работа и образование, слободно воспитување на децата и можност за бесплатно згрижување на децата, безбедна контрацепција и легална и безбедна можност за абортуси.

Жените во Македонија имаат право на глас од 1945 година, а празникот се одбележува со традиционалното женско рели, планинарската тура на Водно и други пригодни настани.

****

*Ванчо Чифлиганец, доктор на науки, успешен бизнисмен по вокација, сопственик и управител на градежната компанија „Адора Инженеринг“, поранешен пратеник, долгогодишен директор на рудникот за бакар „Бучим,“ лани заработил помалку од раководител во банка на средно менаџерско ниво.

***

*Дваесетина странски компании кои инвестираа во земјава во последните десетина години извезле во 2018 година дури повеќе од половина од вкупниот македонски извоз, покажуваат статистичките податоци. Во исто време поради тоа што увезуваат суровини и опрема овие компании се и сериозен учесник во вкупниот македонски увоз или во првата половина од минатата година учествуваат со 44,2 отсто. Детали за темата

Странските инвестиции со најголем ефект во размената: Креираат половина од извозот

***

*ДОСИЕ Блерим Река

Блерим Река е засега единствениот „џокер“ кој не е дел од големите коалиции предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои истрчаа во претседателската трка со сопствени кандидати. Река доаѓа по предлог на Алијанса за Албанците, партија која ја напушти коалицијата со Зоран Заев и се позиционираше како силен опонент на ДУИ. Поддршка исто така има и од движењето БЕСА со кое раководи Биљал Касами, уште еден жесток критичар на политиките на Ахмети и владејачката структура. 

***

Што ќе се произведува во Герешајмер

Официјално надлежните го најавија влезот на нова странска инвестиција во државата.

Германската фабрика Герешајмер ќе ја гради фабриката во Бунарџик а се најавуваат 400 работни места.


Слично

Поврзани вести