Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Нема веќе плаќање во кеш повеќе од 500 евра - Која банка растури во првиот квартал? - Колку се платени советниците на Заев?

УТРИНСКИ ФОКУС: Нема веќе плаќање во кеш повеќе од 500 евра - Која банка растури во првиот квартал? - Колку се платени советниците на Заев?

* Како „Халкбанк“ ја доби конкуренцијата?

„Халкбанк“ најинтензивно ја подобрува својата пазарна позиција во однос на конкуренцијата. Освен тоа што има најголем раст на вкупна актива и на кредитни пласмани банката се зацврсти на четвртото место приближувајќи се до големата тројка „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“

„Халкбанк“ турската аквизиција во македонското банкарство имаше одличен квартал и има најдобри резултати во две од три категории во конкуренција на 15 банки, покажуваат најнови официјални податоци за македонскиот банкарски сектор.

*  Од утре се ограничува плаќањето во кеш: Пари во продавница само за ситно

Токму поради тоа досега реагираа и дел од сопствениците на вакви маркети, кои тврдеа дека е можно да им се намали прометот оти прагот е низок. Своја реакција имаа и стопанските комори, но законодавецот не попушти. Спуштањето на максималната сума дозволена за плаќање вокеш се пртавда со потребата да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет на пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија, а граѓаните во кеш да купат само нешто ситно.

* Објавени платите на сите советници на Заев

Месечните примања на сите 39 советници и надворешни соработници на премиерот Зоран Заев се објавени за јавноста откако конечниот список го објави ИРЛ по одобрено барање за информации од јавен карактер. 

* Колку отштета исплати Македонија по налог на Стразбур

Македонија во 2018-та требало да им исплати вкупна отштета од 124 илјади евра на физичките и правни лица кои претходно повеле спор против својата држава пред Европскиот суд за човекови права  Во износите за обештетување е опфатена нематеријалната, материјалната штета и трошоците досудени со пресудите и одлуките во Стразбур. Ова го вели статистиката на Комитетот на министри при Советот на Европа за 2018 година во однос на Северна Македонија, објавено во извештајот на Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП.

* Кои болести ги пренесуваат крлежите и како да се заштитиме од нив

Врнежливите пролетни денови ја букнаа тревата. Разелени целата природа. Пејсаж и глетка која ги мами граѓаните за излет. Посебно сончевите и потопли денови поголемиот дел од граѓаните ги искористуваат за прошетка на отворено. Меѓутоа луѓето ги забораваат „непријателите“ со кои можат да се сретнат додека уживаат во природата,пајковидните паразити-крлежите, кои подоцна можат да им зададат непријатности и трчење по амбуланти.

Крлежите преживуваат преку исхранување со крв од разни птици, цицачи но и од човекот. Тие се вектори, носители и пренесувачи на голем број серизни заболувања меѓу кои лајмската болест, туларемијата и други болести кои можат да бидат опасни по човековото здравје, вели за Фактор инфектолог др. Катица Марангозова.

Слично

Поврзани вести