Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку пари вртат веледрогериите во земјава-„метлата“ на Заев на „стенд бај“

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку пари вртат веледрогериите во земјава-„метлата“ на Заев на „стенд бај“

Во фокусот на Фактор ова утро ...

*Колку пари вртат четирите најголеми веледрогерии во земјава?

„Др Пановски“ е економско чудо од веледрогерија во однос на конкуренцијата (најголемите четири компании). Има најмали приходи од продажба, а неверојатно високо учество на профитот во вкупниот приход. „Зегин“ и понатаму неприкосновено го држи тронот според вкупен приход, а највисок профит има единствената битолска веледрогерија го големата четворка „Еуро-Фарм“
„Фактор“ беше во Желино, вчера, ден кој несекојдневно за мај, беше и доста студен. Дополнително во тек се Рамазанските пости, па во оваа општина немаше многу луѓе надвор. Нема и вообичано оти многу семејства живеат и работат надвор. Тие со кои разговаравме зборуваа отворено, иако многу малку сакаат да се експонираат. Можеби од страв, можеби оти, како што велат се разочарани, со ништо нема да успеат да ги променат нештата. Можеби и нецелосно се свесни дека и самото негласање е порака. И тоа со голема суштина.
Заев на мини одмор


Премиерот Зоран Заев нема да „мете“ функционери и други кадри барем во наредните четири дена, бидејќи за време на тој период ќе биде на одмор, објави владината прес служба.


* Го „билда“ ли решението за името бројот на македонски туристи во Грција?

Од агенциите со кои зборувавме велат дека досега, имаат зголемување на закупените аранжмани,а според нив политичката ситуација не менува ништо кога е во прашање туризмот. Грција останува или број еден дестинација или е во топ три.


Слично

Поврзани вести