Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Колкав профит прокнижија големите четири македонски компании за преработка на млеко?

УТРИНСКИ ФОКУС: Колкав профит прокнижија големите четири македонски компании за преработка на млеко?

Колку пари вртат најголемите млекарници?

* Најголемите четири македонски млекарници лани направиле приходи кои надминуваат 70 милиони евра и тие се за нијанса повисоки од 2017 година, покажуваат официјални податоци достапни во базата на податоци на ЦРМ. Повеќе од половина од приходите на четирите најголеми млекарници ги прави најголемата домашна млекарница (поседувана од странски лица н.з.) тоа е „Млекара Битола“.

Целата анализа читајте ја тука.

*Интервју Наташа Блажева: Потрошувачкиот кредит „Мајка“ ќе ми помогне да ги реализирам желбите на моето дете

Амбициозната и комуникативна Наташа Блажева е раководител на експозитурата на „Силк Роуд Банка“ во Кисела Вода. За себе и своите успеси во 10 годишното искуство во банката, вели дека е горда што е дел од тимот во компанија која има корпоративна вредност и каде секогаш е ценет и наградуван трудот.

„Силк Роуд Банка“ неодамна го претстави единствениот потрошувачки необезбеден кредит „MАЈКА“ наменет за сите жени, односно мајки кои што имаат деца до 6 годишна возраст, па за таа цел Блажева одговори на неколку важни прашања поврзани со овој проект.

*Штефан Петер за „Фактор“: Македонија е подготвена за универзален снабдувач од 1 јули

Штефан Петер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, за „Фактор“ вели дека оваа година неговата компанија нема да бара поскапување на дистрибуцијата на електрична енергија до Регулаторната комисија за енергетика затоа што тоа прашање е замрзнато со договорот за универзален снабдувач.

* Македонска реалност: Државата дозволува децата со аутизам да се отпишуваат од училиште за да не „сметаат“

Аутизмот останува под превезот на непознатото, без национален регистар и без конкретни институционални мерки и решенија. Лицата со ова нарушување како невидливи за голем дел од институциите. Од невладината организација „Аутизам ААМК“ се согласуваат со овој став, иако велат во последните две три години има мало придвижување благодарение на поголемата гласност на родителите во заедништво со невладините организации кои се борат секојдневно да покажат дека овие лица сѐ тука меѓу нас и сакаат да сѐ со нас.


Слично

Поврзани вести