Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Која банка вложи 40 милиони евра во државни хартии од вредност?- Жежок бран во земјава

УТРИНСКИ ФОКУС: Која банка вложи 40 милиони евра во државни хартии од вредност?- Жежок бран во земјава

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

*

Која банка за пола година има 15,7 милиони евра профит?

НЛБ Банка ги зголеми нето приходите од камати и по тоа е единствена од банките што објавија полугодишни финансиски извештаи. Значајно е тоа што банката ги зголеми вложувањата во хартии од вредност и минимално го намали кредитирањето, а депозитната база порасна и достигна 1,1 милијарди евра. Добивката за првото полугодие е 15,7 милиони евра и тоа досега ја прави поуспешна од големиот ривал „Комерцијална банка“

*

Државата го намали фондот за осигурување на депозитите

Фондот за осигурување на депозитите во 2019 е намален во однос на целокупните заштеди кои ги имаат граѓаните и правните лица во банките и штедилниците. Тоа се случува и во ситуација кога нивните депозити се зголемиле од 3,9 на 4,3 милијарди евра на сметките.

*

Правен лавиринт го остави Стење без концесионер

Поради правен лавиринт оваа година плажата во селото Стење на Преспанското Езеро, нема концесионер, со што многу домашни туристи се откажаа од намерата таму да летуваат.

Од Општина Ресен за ова ја информирале Владата и се надеваат дека идната година состојбата ќе се реши.

*

Се уште се вештачат „апаратите“ на Боки 13 и Зоки Кичеец

Додека растат притисоците од домашната јавност, меѓународниот фактор, власта и опозицијата да се расчисти случајот „Рекет“ и улогата на специјалната обвинителка Катица Јанева, од основното обвинителство велат дека мобилните телефони и компјутерите на обвинетите Бојан Јовановски и Зоран Милевски се уште се вештачат.

*

ЖОЛТА ФАЗА: Високи температури и висок УВ индекс

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност.

Од денеска ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.

Слично

Поврзани вести