Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Кој осигура животи за 12,5 милиони евра? -Груевски со оставка-Врви ли бизнисот со бела техника?

УТРИНСКИ ФОКУС: Кој осигура животи за 12,5 милиони евра? -Груевски со оставка-Врви ли бизнисот со бела техника?

*Поранешниот премиер кој во моментов е во бегство во Унгарија и каде што ужива политички азил, на социјалните мрежи најави оставка. Додека во Парламентот се решава за одземање на неговиот пратенички мандат тој најавува повлекување од пратеничката фотелја.

 *

Како „Кроација осигурување живот“ држи лекции?

„Кроација осигурување – живот“ лани остварила нето приход од премија што е за 24 отсто повисок од приходот што го оствари претходната година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија. Имено лани компанијата на нето основа од приход од премија инкасирала 12,5 милиони евра и тоа е за 2,4 милиони евра повеќе во споредба со 2017 година.

*Како им оди бизнисот на четирите најголеми ланци маркети за бела техника?

Малопродажниот трговски ланец „Нептун“ и лани е кралот на продажбата на бела техника и апарати за во домаќинство на територијата на нашата земја. Официјалните податоци покажуваат дека во конкуренција се четири најголеми ланци за малопродажба на бела техника и апарати за домаќинство. Тие заедно лани имале промет од 120 милиони евра, а нивната продажба пораснала за 16,5 отсто во споредба со 2017 година.

* Во овој македонски град е претешко да се најде работа или луѓето не сакаат да работат?

Само едно слободно работно место е евидентирано во Дебар, стоеше вчера на веб страницата на Агенцијата за вработување каде се наведени слободните работни места по центрите за вработување низ државата.

* Гимназијалец на Нова се запиша на универзитетот каде завршиле двајца директори на ЦИА: Тасевски амбициозно кон Њујорк

Во тие клупи седеле двајца директори на ЦИА, но и познатите актери Алан Алда и Дензел Вашингтон. На „Фордхам“ универзитетот во Њујорк, САД од годинава своите студии ќе ги почне скопјанецот Теодор Пароло Тасевски. Гимназијалецот кој сега го завршува средното образование во Интернационалното училиште „Нова“ има големи амбиции. Сепак е скромен, а исклучително инспиративен. Сака да „гази“ во бизнис менаџментот, но планира да се образува и за комуникациски вештини. Младиот Тасевски е стипендист на еден од најпрестижните универзитети во САД, па прво го прашав кои беа предизвиците кога го избирал универзитетот.

Слично

Поврзани вести