УТРИНСКИ ФОКУС: Кој ќе понесе одговорност за пензискиот скандал, МРП-вакцините под лупа на ОЈО
Засега никој не поднесе одговорност за скандалот со вакцините. Директорот на ПИОМ не чувствува одговорност и е извесно тој нема да поднесе одговорност. Овој скандал ги скара вицепремиерот Османи кој вели дека нема криминал и директорите чесно си ја вршеле работата а министерката Шекеринска пак е убедена дека злоупотреба имало и таа мора да се истражи.
Основното јавно обвинителство пак отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.
Постабилен економски амбиент, со смирување на политичките тензии очекува гувернерката Анита Ангеловска - Бежоска за оваа година. Во интервју за Фактор Ангеловска - Бежоска сепак вели дека клучни ризици за домашната економија се најмногу, случувањата во нашиот најзначаен трговски партнер Германија, особено во услови на јакнење на протекционизмот. Според неа, ова може да се одрази на побарувачката за нашите извозни производи. За банките вели дека остануваат стабилни и профитабилни, а дека со Министерството за финансии работат на нов Закон за платежни услуги со кој треба да се зголеми понудата на производи и да има поповолни цени на услугите за граѓаните.
Интервјуто прочитајте го овде.
Енормно е загадувањето и ова утро. Засега нема мерки на сила, освен во Струмица ги стави во употреба мерките .Во изминатите два дена е надминат прагот на ПМ 10 честичките а Македонија се наоѓа на листата загадени градови и е меѓу првите десет.
