Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе важи ли повратот на ДДВ за ајфони - нови раоаминг цени

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе важи ли повратот на ДДВ за ајфони - нови раоаминг цени

*  Корисниците на Ајфон дискриминирани: За нив нема апликација за поврат на ДДВ?

Стартува новата апликација преку која граѓаните ќе може да прават поврат на ДДВ кое го платиле преку целата година.

Она што треба да го прават граѓаните е да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари.    

Сепак уште пред да почне да се применува оваа апликација, кај корисниците на ајфон телефони истата не е достапна.

Во Apple store апликацијата „Мој ДДВ“ воопшто не постои, алудираат од утринава граѓанитеи покрај најавите дека апликацијата ќе биде достапна и за Google play store
и Apple store.

* Парите од повратот на ДДВ ќе може да ги земе извршител

Почнува повратот на ДДВ. Граѓаните од денеска ќе треба да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари. Секоја сметка треба да се скенира на посебна апликација „МојДДВ“ која ќе треба да се инсталира на паметен мобилен телефон за да од сите после корисникот добие поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. Ако евентуално некој нема таков телефон или не знае да инсталира и да користи вакви апликации, фискалните ќе може да ги носи во сите организациски единици на Управата за јавни приходи. Таму ќе има мобилни телефони на кои секој само ќе треба да се регистрира со своето корисничко име и со лозинка и да му се скенира сметката. На еден телефон ќе може да се читаат сметки и од повеќе профили.

*  Идни студенти во ќорсокак: Не може да се запишат на престижни универзитети оти нема резултати од државната матура

Завршени средношколци, идни студенти кои одлучиле да го продолжат своето образование на некои од странските универзитети, имаат проблем да ги фатат роковите за упис, затоа што уште чекаат на резултатите од државната матура. Тестовите ги завршија со полагање на 13 јуни, а според роковите Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите најдоцна за еден месец или на 13 јули. Сепак тој датум е многу подоцна од крајните рокови за упис на многу странски факултети, па револтирани ученици и родители деновиве бараат решение од Државниот испитен центар. Барале резултатот да им се даде порано за да стасаат, зашто инаку ќе изгубат цела година.

*  Во 21 век: Во Дојран ќе нема кој да им вади крв на пациентите за рутинска анализа

Граѓаните на Дојран стравуваат дека за три недели ќе нема кој да им вади крв, медицинска услуга потребна и при рутнски општ преглед. По 40 години во овој град и во 21 век, како што кажуваат дојранчани, вработената која работела како сестра и земала примероци од крв оди во пензија. Тоа ќе се случи набрзо, а на повеќето граѓани кои одат во амбулантата веќе им било кажано дека делот за земање крв во Дојран ќе се затвори.

„Од пред 2-3 години добивме во амбулантата и апарат да може барем основната крвна слика да се дознае, без ЦРП или шеќер, и истиот не е во функција, расипан ли е или што точно не знам. Но знам дека вработената кај и да е ќе оди во пензија, што ќе биде понатаму ќе видиме, иако се зборува помеѓу жителите дека најверојатно овој оддел од амбулантата ќе се затвори“, вели Р.П за Фактор.


Слично

Поврзани вести