Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе се збогува ли Димовски со пратеничкиот имунитет, Скопје високо загаден, Силјановска за претседател

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе се збогува ли Димовски со пратеничкиот имунитет, Скопје високо загаден, Силјановска за претседател

Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е во тек. Се одлучува за притворот на пратеникот Љупчо Димовски од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Тој е дел од осомничените за злоупотреба на службената положба кои според ОЈО ја оштетиле државата за речиси 1 и пол милион евра. 

Ако пратениците одлучат да му го одземат имунитетот на овој пратеник, Димовски ќе оди в притвор каде ќе им се придружи на Ацо Спасеноски, Михаил Цветков, и Христијан Делев.

Во Скопје денеска воздухот повторно е на високо ниво. Граѓаните во метрополата дишаат канцерогени четици а главниот град се најде рамо до рамо со градови од Кина и Пакистан на листата загадени градови.

Професорката Гордана Силјановска, е меѓу најсериозните кандидати во интерната трка за претседателската функција во редовите на ВМРО ДПМНЕ. 

Засега од партијата на Христијан Мицкоски не откриваат кои се осуммината кои поднеле кандидатури, но извесно е дека еден од пријавените е пратеникот Влатко Ѓорчев.

Ако сте собрале месечни приходи од повеќе места прогресивниот данок ќе го платите на крај на година. Детали на оваа тема читајте во интервјуто со директорката на УЈП Лукаревска , овде.


Слично

Поврзани вести