Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе падне ли мандатот на Груевски? - Зошто Циле „Пелистер“ топ не го бие?

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе падне ли мандатот на Груевски? - Зошто Циле „Пелистер“ топ не го бие?

*Можно ли е пратениците од партијата на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за одземање на неговиот мандат? Не е познато но се е очекувано.

Откако претседателот на  Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски даде оставка од пратеничката функција со седницата закажана за денес ќе раководи потпретседателката Снежана Калеска Ванчева.

*

Му даде ли Циле „Пелистер“ гол со пета на Васко Ковачевски?

Битолската градежна компанија „Пелистер“ доби тендер за ископ на јаглен и јаловина од РЕК Битола вреден 12,6 милиони евра. Ова, спортски речено, е „хет трик“ на прочуениот битолски бизнисмен и поранешен политичар Силјан Мицевски, косопственик и долгогодишен директор на „ГП „Пелистер“. „Пелистер“ од февруари лани до сега доби три тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола вредни 21,3 милиони евра.

*

Државата не се грижи каде граѓаните ги фрлаат лековите од дома: Колкав медицински отпад завршува во контенјер

Во Македонија никој не е надлежен да го селектира медицинскиот отпад на граѓаните и никој не мери колку се фрла годишно од жителите. Речиси секое семејство фрла по некој лек месечно, во некои месеци се фрла и повеќе. Државата нема информација колку домашен медицински отпад фрлат граѓаните, отпад кој е опасен по животот на луѓето но и за животната средина.

*

Божиновски: Јавноста не ја интересира работата на Заев претседателот на СДСМ, туку на Заев премиерот

 За процесите кои треба да следат анализираме со политикологот Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања. 

*

Долговите стасуваат за наплата: За три години треба да вратиме 2,3 милијарди евра

Владата ќе треба да врати дури 2,3 милијарди евра на име главница на позајмените пари во периодот од оваа до 2022 година. Станува збор за отплати на старите долгови со кои се финансираше буџетскиот дефицит во претходните години. Сега тие стасуваат за наплата - па дел од нив ќе се покриваат и со нови позајмувања. 

*

Тевдовски ги нуди како „европски“: Две банки веќе имаат помала камата за станбен кредит

Државaта нуди субвенционирани кредити по пониски камати за проектот „Купи куќа, купи стан“ a министерот за финансии Драган Тевдовски ги промовираше стапките како „европски“. Mеѓутоа дел од комерцијалните банки кои имаат станбени кредити во понудата, нудат и пониски камати за станбените кредити од „субвенционираните“.


Слично

Поврзани вести