Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе го преживее ли Вељаноски имунитетот, ќе издржи ли минималецот нова промена

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе го преживее ли Вељаноски имунитетот, ќе издржи ли минималецот нова промена

Се крие ли нешто зад одложувањето на седницата на која се одлучува за пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски?

Ова прашање си го поставува јавноста во последните два дена.

Епилогот од синоќешната закажана седница беше одложување.

Спикерот Талат Џафери „го држи“ во раце Трајко.

Што ќе се случи со седницата Џафери ќе соопшти наскоро а детали читајте на темава подолу:

Има ли скриена причина: Имунитетот на Вељаноски во рацете на Џафери

Платите пораснаа поради минималецот, нова промена е неиздржлива

Раст на вкупната економија преку раст на платите е концептот на кој Владата ги базира своите економски политики. Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера на трибина рече дека во последните две години растот на просечната нето плата е најголем во последните девет години. Додека во земјава се зголемува дебатата за концептот за раст на платите преку зголемување на минималната плата, Тевдовски вели дека во 2017 година најголем ефект за вкупниот раст е од зголемувањето на минималната плата, додека во 2018 година пораснала и продуктивноста.

Феноменот наречен Наташа Милева! Со 24.500 евра купи 24,9 отсто од „Уготур“!!!

Читајте тука: Се менува ли нешто во оската „Уготур“ – „Макошпед“ – „Фершпед“?

Македонија станува земја позната по загаден воздух, затоа што високо котира на глобално ниво, па дури минатата недела Скопје се искачи и на втората позиција на листата најзагадени градови.

Дали аерозагадувањето ќе и направи реклама или антиреклама на Македонија?


Слично

Поврзани вести