УТРИНСКИ ФОКУС: Канада прима милион странци, кикс со персоналецот, реконструкција на убиството на Саздовски
Во земјава на сила се мерки против загадувањето. Тоа значи дека граѓаните бесплатно во следните два дена ќе ги користат услугите на јавниот превоз.
Од друга страна пак паркинзите во главниот град поскапуваат двојно. Оваа одлука е донесена со цел да се намали возењето на автомобили во ек на големо загадување и граѓаните да се организираат за работа на друг начин.
И учениците ќе видат „фајде“ од мерките на надлежните. Училиштата се отворени но сепак нема да работат. Два дена повеќе за основците и средношколците откако алармот со енормното загадување ги стави на сила мерките.
Владата киксна со персоналаецот а новата даночна реформа е грешка вели и првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески .
Ексклузивното интервју на Фактор со вицепремиерот Кочо Анѓуушев и Бранко Азески читајте го овде.На Канада и се потребни нови луѓе. Таа земја во следните години, ќе прими над милион имигранти, пренесоа медиуми од светот.
Таа држава со речиси 37 милиони жители се соочува со проблеми како стареење на популацијата, пад на наталитетот и последователно, недостаток на работна сила, па оттука доаѓа и идејата да ги отвори своите граници за жители од други земји.
Детали за темата на Канада ги имате тука.
На денешното рочиште за случајот со убиството на навивачот Никола Саздовски ќе се врши реконструкција на настанот.
Тоа момче на 29 јуни годинава беше крвнички претепано а обвинети се Бесир Беља и Скендер Демири.
