Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Како прават пари приватните болници, се купуваат ли имоти надвор, Асанж во центар на вниманието

УТРИНСКИ ФОКУС: Како прават пари приватните болници, се купуваат ли имоти надвор, Асанж во центар на вниманието

Понеделнички во фокусот на Фактор ова утро е темата колку пари вртат приватните болници во државата.

*Големата четворка приватни медицински центри (клинички, општа и специјална приватна болница) во земјава лани оствариле вкупни приходи од продажба медицински услуги кои надминуваат 61 милиони евра, покажува анализата на скратените искази достапни во ЦРМ на најголемите приватни болници во земјава: скопските „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“, „Ре Медика“ и „Плодност“ од Битола.

 Целата анализа читајте ја ОВДЕ.

*ЌЕ ИМА ЛИ БУМ ДОПРВА: Дозволено до евтина вила на Халкидики

Граѓаните купуваат имот надвор, ама самата легализација засега не им го зголемила „апетитот“. Во дел од агенциите велат и дека граѓаните се уште не се баш запознаени со оваа можност.

„Минатата година дел од граѓаните беа заинтересирани за купување на имот, односно на викендици и станови во соседна Грција. Во моментов, односно во последните два месеци немаме побарувања,  вели Снежана Динева, сопственик на агенција за недвижности во Скопје.

* Компаниите кои добија пари за иновации, ги враќаат парите во буџетот

Фондот за иновации и технолошки развој работи на анализа на ефектите од вложувањата во домашните компании, откри за Фактор, директорот на ФИТР Јован Деспотовски. Се анализира зголемената активност на економијата, а со тоа и ефектите врз јавните финансии. Тој вели дека резултатите ќе ги објават наскоро, а деталите видете ги на овој линк.


* Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во 2019 планира да потроши 532 милиони денари или безмалку 9 милиони евра во рамковни спогодби со економски оператори за сеча, дотур и превоз на дрво. Темата погледнете ја со детали овде.


*Асанж е секако во центарот на вниманието на сите медиуми а најновите информации се дека неговите телохранители проговориле за начинот на кој живеел во амбасадата.

Деталите се тука.

Слично

Поврзани вести