УТРИНСКИ ФОКУС: Која банка направи нето добивка по акција од 411 денари? Македонци раскажуваат како е да се учи во Сејшели
Во фокусот на Фактор ова утро ...
*„Џедајот се враќа“! Кој ќе ја води „Лотарија на Македонија“?
Штерјо Наков, неприкосновен долгогодишен прв човек и „алфа и омега“ на гигантот „Фершпед“ се враќа во менаџерските води по пауза од неколку години. Тој и Јасмина Цветаноска ќе го засилат Одборот на директори на „Лотарија на Македонија“ во кој членува и неговиот син Драган. - Целата анализа читајте ја тука.
*Која банка ги развесели акционерите?
Раст на нето приходот од камати за половина милион евра во однос на истиот период лани и тоа во услови кога кредитното портфолио е намалено за еден отсто до ниво од 828,57 милиони евра. Банката за 90 дена направи нето добивка по акција во износ од 411 денари
Значаен раст на нето приходите од камати и добивка од 6,7 милиони евра, се клучните параметри од кварталниот извештај на НЛБ Банка за периодот јануари – март годинава.
* Македонци што се преселија на Сејшели раскажаа: Децата ни учат низ игри, а во училиште може да седат и босиБоси без обувки, со игри и песни во дворот, без обемни домашни, а со книга за читање преку викенд. Македонци кои живеат на африканскиот остров Сејшели раскажуваат какво е училиштето на нивната првооделенка. Семејството Димитровски од неодамна се пресели во Сејшели, мал остров во група острови во Индискиот океан. Колку е инспиративен по убавите предели и плажи, островов е специфичен и по организацијата на животот, образовните практики.
СВРТЕНИ КОН ГЕРМАНИЈА: Постари Македонци вонредно учат медицина за да се иселат
Во Македонија луѓе постари од 30 години вонредно се школуваат за медицински сестри, со цел еден ден да ја напуштат државата и да заминат во Западна Европа.
Оваа информација ја потврдуваат од медицинските училишта во земјава. Велат дека последниве години оваа појава зема замав, и интересот за доквалификација или преквалификација расте.
Интервју Ванковска: Не е национализам да се бара почитување на меѓународното право
Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова предизвика интересен феномен на негирање на социјалните мрежи токму од страна на активисти, феминистки и борци за човекови права кои го негираа нејзиниот легитимитет како натпартиски кандидат иако слични коментари не упатуваа на адреса на сега веќе новиот претседател Пендаровски. Слични напади имаше и на адреса на професорите кои застанаа зад „Гога“, па дури некој напиша дека сега „на Ванковска ѝ доаѓа да си ја исече раката што гласала за ВМРО-ДПМНЕ“. Токму со професорката Ванковска разговараме за поларизацијата во македонското општество, за поделбата на тие кои ги критикуваат договорите со соседите, а се наводно националисти и на тие кои безрезервно ги поддржуваат истите само за час поскоро да станеме членка на НАТО и ЕУ.
